Фризер

Програмата за работа Фризер – основен курс им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат да го организираат просторот и работата во фризерскиот салон, да разликуваат типови коса, да спроведуваат фризерски постапки во нега на косата, …

User Avatar
(0 review)

Програмата за работа Фризер – основен курс им овозможува на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат да го организираат просторот и работата во фризерскиот салон, да разликуваат типови коса, да спроведуваат фризерски постапки во нега на косата, да комуницираат со клиенти и соработници. Времетраењето на програмата е 3,5 месеци, односно 210 часа, од кои теорија 42 часа, пракса 147 часа и оценување 21 час. Теоретскиот дел на наставата ќе се реализира во училница, кабинет опремен според соодветни технички услови, а практичниот дел во фризерски салон. Оценувањето ќе се спроведува континуирано по секоја тема во тек на обуката и на крај како завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Фризер – основен курс по верифицирана програма. Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво за фризер.

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен за:

  • изведување на работи и работни задачи во фризерски салон,
  • планирање, организирање на простор и работа во фризерски салон,
  • спроведување на дезинфекција и стерилизација во салонот,
  • подготвување на алатот, приборот и материјалот за работа,
  • прием на клиент,
  • подготвување на работно место и клиент,
  • проценување на состојба на коса,
  • миење, негување и регенерација на коса,
  • потстрижување на коса,
  • обликување на коса,
  • ондулирање на коса,
  • боење на косата,
  • применување на мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината
  • демонстрирање позитивен однос кон работата и кон клиентот,
  • применување на основни правила на однесување.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено основно образование и возраст над 15 години, без претходно стекнати знаења за ова занимање.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма
Теорија 42 20
Пракса 147 70
Оценување 21 10
Вкупен број на часови 210

Course Curriculum

Time: 14 weeks
Curriculum is empty

Reviews

Average Rating

0
0 rating

Detailed Rating

5 stars
0
4 stars
0
3 stars
0
2 stars
0
1 star
0

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *