Собирач и постапувач со отпад

Собирачот и постапувачот со отпад ги познава фазите на интегрираниот систем за управување со пакување и отпад од пакување и електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, така што ги почитува сите мерки, стандарди и цели утврдени …

User Avatar
(0 review)

Собирачот и постапувачот со отпад ги познава фазите на интегрираниот систем за управување со пакување и отпад од пакување и електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, така што ги почитува сите мерки, стандарди и цели утврдени со законите што го регулираат постапувањето со пакување и отпад од пакување, и постапувањето со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, при тоа исполнувајќи минимални барања за квалитет на услуги и постапки.

Собирачот и постапувачот со отпад ги познава фазите на собирање селектиран отпад, транспортирање и механички третман на отпадот за негова понатамошна преработка, и има знаења, вештини и компетенции за воспоставување на интегриран систем за управување со пакување и отпад од пакување (пластика, хартија/картон, стакло, метал, дрво и композитни материјали) и управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема (со сите составни делови, потсклопови, делови и материјали) од местото на настанување до соодветна оперативна единица.

Програмата ќе ги опфати следните области и предмети:

  • Познавање на основни математички функции со проверка на знаењата на учесниците за основните математички операции (одземање, собирње, множење, делење)
  • Пишување, комуникациски вештини и водење на деловни книги каде на учесниците ќе им биде проверено пишувањето и ќе знаат како да водат евиденција за отпадот што го собрале и испорачале
  • Екологија и општи правила во сообраќајот каде учесниците ќе се запознаат со потребата од грижа за околината и истовремено ќе се запознаат со основните сообраќајни правила.
  • Заштита при работа и прва помош каде учесниците ќе се запознаат со елементите на заштита при работа на оторено и со основите на пружање прва помош себе си и на другите

Програмата е превидено да трае 34 часа и ќе се одвива со користење на неформални методи и размена на знаења како од обучувачот така и од учесниците.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Резултати кои ќе бидат постигнати со програмата се: – ги познава фазите на интегрираниот систем за управување со пакување и отпад од пакување и управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, – почитува стандарди и цели утврдени со законите што го регулираат постапувањето со пакување и отпад од пакување, електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, – спроведува оптимизирано собирање на селектиран отпад (примарна селекција во домаќинствата, претпријатијата и останати субјекти, создавачи на отпад), – врши транспортирање и механички третман на отпадот за негова понатамошна преработка – запознаен е со еколошки стандарди за животната средина, животот и здравјето на луѓето, загадување на водите, воздухот и почвата.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

  • Кандидатот за ученик во обуката „Собирач и постапувач со отпадˮ треба да ги исполнува следните услови:
  • Да е описменет
  • Да биде со наполнети 15 години

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Теорија 6
Пракса 21
Оценување 5
Вкупен број на часови 34

Course Curriculum

Time: 10 weeks
Curriculum is empty

Reviews

Average Rating

0
0 rating

Detailed Rating

5 stars
0
4 stars
0
3 stars
0
2 stars
0
1 star
0

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *