Образовниот систем често соодветно не може да одговори на потребите на невработените и пазарот на трудот и заради тоа е потребна одредена дообука, особено на лица кои се невработени и со понизок степен на образование. Оваа програма на учесниците ќе им обезбеди сигурна работна атмосфера каде отворено и интерактивно со другите учесници секој посебно ќе ги подигне личните и професионални вештини за вработување и градење на понатамошна кариера.
Вработувањето е процес кој бара редовно информирање и следење на информациите кои се достапни и кои се насочени да ги упатат невработените во барањето работа. Програмата е поделена во два модула.
Модул 1 „Основни лични и професионални вештини“
Овој Модул ќе им овозможи на учесниците да научат и да ги подигнат своите вештини за пишување Писмо за интерес, пишување на лична биографија (ЦВ), како се пишува мотивациско писмо, техники на интервју и вежбање преку преку симулирани интервјуа.
Модул 2 „Кариерен план“
Овој модул ќе се осврне на проблематиката што е тоа работа а што кариера, како да се напредува во кариерата, ќе се работи на подобрени комуникациски вештини, способност за слушање и подигнување на нивото на професионалност во работата.
Програмата е превидено да трае 30 часа и ќе се одвива со користење на неформални методи и размена на знаења како од обучувачот така и од учесниците. Со завршувањето на Програмата учесниците ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА
Резултати кои ќе бидат постигнати со програмата се: – следење на отворени огласи за работа – изработување на професионална биографија – изработка на мотивациско писмо – себепретставување на интервју – способност да изберат правилни чекори во изборот на нивната кариера – подобрено ниво на комуникациски вештини – разбирање на концептот за тоа што претставува кариера и разлика помеѓу концептот на градење кариера и работа; – подигната самодоверба и разбирање на деловната етика
КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА
Кандидатот за ученик во обуката „Основни вештини за вработувањеˮ треба да ги исполнува следните услови:
- Да има завршено минимум основно образование
- Да биде со наполнети 15 години
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА
- Теорија 12
- Пракса 32
- Оценување 6
- Вкупен број на часови 50