Целта на наставата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и професинално напредување.
Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
Ц1(напредно рамниште) со леснотија искажува лични ставови, учествува во долги формални и неформални конверзации и искусии, разбира и пишува долги и сложени текстови, вклучуваќи и формални академски и професионални документи, лесно следи ТВ, претстави, предавања и презентации,срочува јасен, добро структуриран текст на сложени теми.
1. Граматика: редуцира инфинитив форми; изоставува функционални зборови; консолидира граматички глаголски времиња; активни и пасивни реченични форми; колокации со прилози.
2. Слушање со разбирање: опис на националности; емиграција и миграција; фразални глаголи со метафорично и буквално значење; трендови; споредби; статистика (опис и толкување); синоними и антоними; поговорки; весници и списанија; таблоиди; рима и смисла.
3: Зборување: дискусија за стереотипи поврзани со различни националности; драматизација; пласирање маркетинг кампања; дискусија за улогата на рекламирањето; опис и дискусија во врска со познати личности; зацртана судбина; чувства и емоции.
4: Читање: нашата земја е и ваша; слики; замисли; секогаш подготвен; големи зделки; славни личности; љубов.
5. Пишување: формални и неформални писма; раскажување приказна; деловен (бизнис) извештај; давање соодветни кратки одговори; составување писмо за во весник; опис на лични искуства
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА
Резултатите на програмата произлегуваат од целите и по успешно завршен модул од програмата учесникот ке биде оспособен да:
- спонтано, точно и прецизно се изразува користејќи сложени лекички и граматички форми,
- дава краток и јасен преглед на информации добиени од различни усни или пишани извори,
- со леснотија разбира скоро се што ќе слушне или прочита.
По завршување на овој модул учесникот е подготвен:
- да го користи англискиот јазик на секое поле,
- да разбира практично се и при говорење лесно може да ги преформулира зборовите и исказите при евентуална потешкотија без и соговорникот тоа да го примети.
- да држи презентации, говор или конференција и со соговорници на кои англискиот им е мајчин јазик.
- Се изразува со висока точност во граматиката и пишувањето.
КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА
Минимум 70% од тестовите и успешно завршени практични задачи.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА
- Теорија 10 7
- Пракса 58 87
- Оценување 4 6
- Вкупен број на часови 72