Англиски јазик C1

Целта на наставата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик …

User Avatar
(0 review)

Целта на наставата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и професинално напредување.

Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
Ц1(напредно рамниште) со леснотија искажува лични ставови, учествува во долги формални и неформални конверзации и искусии, разбира и пишува долги и сложени текстови, вклучуваќи и формални академски и професионални документи, лесно следи ТВ, претстави, предавања и презентации,срочува јасен, добро структуриран текст на сложени теми.

1. Граматика: редуцира инфинитив форми; изоставува функционални зборови; консолидира граматички глаголски времиња; активни и пасивни реченични форми; колокации со прилози.

2. Слушање со разбирање: опис на националности; емиграција и миграција; фразални глаголи со метафорично и буквално значење; трендови; споредби; статистика (опис и толкување); синоними и антоними; поговорки; весници и списанија; таблоиди; рима и смисла.

3: Зборување: дискусија за стереотипи поврзани со различни националности; драматизација; пласирање маркетинг кампања; дискусија за улогата на рекламирањето; опис и дискусија во врска со познати личности; зацртана судбина; чувства и емоции.

4: Читање: нашата земја е и ваша; слики; замисли; секогаш подготвен; големи зделки; славни личности; љубов.

5. Пишување: формални и неформални писма; раскажување приказна; деловен (бизнис) извештај; давање соодветни кратки одговори; составување писмо за во весник; опис на лични искуства

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Резултатите на програмата произлегуваат од целите и по успешно завршен модул од програмата учесникот ке биде оспособен да:

  • спонтано, точно и прецизно се изразува користејќи сложени лекички и граматички форми,
  • дава краток и јасен преглед на информации добиени од различни усни или пишани извори,
  • со леснотија разбира скоро се што ќе слушне или прочита.

По завршување на овој модул учесникот е подготвен:

  • да го користи англискиот јазик на секое поле,
  • да разбира практично се и при говорење лесно може да ги преформулира зборовите и исказите при евентуална потешкотија без и соговорникот тоа да го примети.
  • да држи презентации, говор или конференција и со соговорници на кои англискиот им е мајчин јазик.
  • Се изразува со висока точност во граматиката и пишувањето.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум 70% од тестовите и успешно завршени практични задачи.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

  • Теорија 10 7
  • Пракса 58 87
  • Оценување 4 6
  • Вкупен број на часови 72

Course Curriculum

Time: 32 weeks
Curriculum is empty

Reviews

Average Rating

0
0 rating

Detailed Rating

5 stars
0
4 stars
0
3 stars
0
2 stars
0
1 star
0

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *