Англиски јазик B2.1

Целта на наставата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик …

User Avatar
(0 review)

Целта на наставата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и професинално напредување.

Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
Б2(високо рамниште) разбира поголем дел од ТВ програма, се вклучува во проширени конверзации, следи презентации и предавања од не многу познат контекст, разбира главни идеи во сложени текстови, срочува детален текст на широк спектар од теми.

  1. Граматика: консолидирање на граматичките времиња; наративни граматички времиња; глаголска употреба; прашална и негативна форма од сите граматички времиња; прашални форми; идни временски форми; обработка на формални и неформални изрази за квантитет; модални глаголи; декларативни прашални форми; зависни и независни односни реченици.
  2. Слушање со разбирање:сложени именски, придавски и глаголски форми; домот и патување; колокација со глаголи; фразални глаголи; идиоматски изрази; книги и филмови; префикси со негативно значење; антоними во контекст; колокации и идиоматски изрази; обработка на зборови со иста пишана форма со различно значење; колокации и идиоматски изрази со глагол; колокации со прилози.
  3. Зборување: размена на информации поврзани со луѓе; живеење во странство; извици; масовен туризам; покажување интерес и изненадување; раскажување приказна; добри и лоши лаги; учтиви изрази; можности во иднина; договарање состаноци; телефонски разговори; познати брендови; броеви, дропки и децимали; договорени бракови; самостоен живот; екстремни спортови и предизвици; опишување места; професор; телевизиска програма; приказни со неизвесен расплет; интерпретирање соништа; животни искуства; различни периоди од човечкиот живот.
  4. Читање: никаде не е како дома; патување; извадоци статии од весник; вистини и лаги; поглед во иднината; познати брендови; неформален разговор; дружење; одење во крајност; пријателства; ризици; никогаш не е доцна; биографија; квиз.
  5. Пишување: наративен писмен израз; кохерентно поврзани идеи; пишување на e-mail; извештај; дискурзивен есеј; формални и неформални писма и/или e-mail пораки; наративно пишување; употреба на сврзници.

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Резултатите на прогамата произлегуваат од целите и по успешно завршен модул од програмата учесникот ке биде оспособен да:

  • има високо развиена способност за рецептивна и продуктивна употреба на англикиот јазик во устен и писмен контекст,
  • да поседува широк вокабулар кој ќе му возможи натамошно дообразување напредување на професионално поле,
  • да искажува креативност при пишување на текстови од општ и стручен аспект и
  • разбира говор од разни говорници во секојдневна и професинална комуникација.

По завршувањето на овој модул учесникот ќе може:

  • да разбере разговор на англиски јазик,
  • да следи тв програма и медиуми,
  • да се впушта во подолги конверзации,
  • да врши презентации на теми познати, но и недоволно проучени,
  • да чита литература на англиски јазик
  • да пишува деловни писма, есеи и критики.
  • да разбере практично се кога му зборува роден говорник и
  • без никакви потешкотии да се снаоѓа во средина каде се користи англиски јазик.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум 70% од тестовите и успешно завршени практични задачи

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

  • Теорија 10 7
  • Пракса 58 87
  • Оценување 4 6
  • Вкупен број на часови 72

Course Curriculum

Time: 32 weeks
Curriculum is empty

Reviews

Average Rating

0
0 rating

Detailed Rating

5 stars
0
4 stars
0
3 stars
0
2 stars
0
1 star
0

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *