Англиски јазик А2.1

Целта на наставата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик …

User Avatar
(0 review)

Целта на наставата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и професинално напредување.

Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
А2(основно рамниште) зборува со повеќе самодоверба, води не многу сложена конверзација, пишувa и разбира едноставно напишан текст, разбира поширок круг на вокабулар.

  1. Граматика: консолидирање на граматичките времиња; обработка на прашални форми со употреба на прашални зборови во формите за сегашно време; обработка на изрази за квантитет; членови, одреден и неодреден; глаголски структури со идни временски форми; компаративна и суперлативна форма кај придавките; обработка на сегашно сложено време и правилна употреба на неговите прилози; модални глаголи; временски реченици, условни реченици од прв тип; пасивни конструкции; условни реченици тип 2.
  2. Слушање со разбирање: видови зборови; зборови со повеќе од едно значење; колокации; сврзувачки зборови; прилози; глаголи со спротивно значење; временски изрази; продавници; придавки со наставка од сегашен и минат партицип; синоними и антоними; професии; именки и придавки; изговор- акцентирање; фразални глаголи.
  3. Зборување: користење на учтиви изрази; покажување интерес и изненадување; дискусија за живот во странство; раскажување приказна; зборување за цени и валути; купување и пазари; размена на информации за емотивна состојба; зборување за проблеми и давање совети; зборување за омилени работи кои се бесплатни; дискусија- имигрантите во твојот град; разговор- кратки одговори; интервју со позната музичка група; зборување за правила во семејството; дискусија- машки и женски професии; давање насоки; телефонски разговор; дискусија за пронајдоци кои го промениле светот; давање совет; животни одлуки; употреба на учтиви изрази.
  4. Читање: запознавање; што понатаму; пазар; што сакаш да сториш; слава; места и нешта; за и против; дестинации; нешта кои го променија светот; хипотетички ситуации; да се стори најдоброто.
  5. Пишување: опишување пријател; пишување на e-mail; пишување разгледница; пополнување на формулар; опис на место- мојот роден град; пишување биографија; пишување формални и неформални писма и/ или e- mail пораки; пишување есеј- предности и недостатоци на патување со воз; пишување критика за филм и / или книга; пишување говор; употреба на сврзници.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Резултатите на прогамата произлегуваат од целите и по успешно завршен модул од програмата учесникот ке биде оспособен да: се здобие со фонд на знаење кој ќе му помогне да совлада вештини за усвојување елементарни информации за тековни настани, да користи и препознава предвидени подолги усни изрази и пораки со основен фонд на зборови. По завршување на овој модул учесникот ќе може да разбере по сложен текст ако му се говори со нормално темпо; да одговата на посложени прашања користејќи се со секојдневни фрази, но и вокабулар од полето на образование. Ќе може да пишува кратки писма неформални и по прости формални. Ќе може да се снајде во средина каде се зборува англискиот јазик под услов да е стандарден.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум 70% од тестовите и успешно завршени практични задачи

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

  • Теорија 10
  • Пракса 58
  • Оценување 4
  • Вкупен број на часови 72

Course Curriculum

Time: 32 weeks
Curriculum is empty

Reviews

Average Rating

0
0 rating

Detailed Rating

5 stars
0
4 stars
0
3 stars
0
2 stars
0
1 star
0

Leave A Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *